Вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи и министерот за надворешни работи Никола Димитров, утре ќе престојуваат во работна посета на Париз.
Вести
-
Македонија 12.02.2020 14:50
-
Економија 12.02.2020 14:40
Регулаторните тела клучни за пазарната економија
Лошото менаџирање на регулаторните институции, доведува до загуби во економијата и до 20 проценти од бруто домашниот производ, велат од МАНУ. На дебатата научната фела со став дека се потребни трансформација и нова регулација на регулаторните тела во земјава.
-
Македонија 12.02.2020 14:22
Шекеринска ќе учествува на состаноците на Северноатлантскиот совет на НАТО во Брисел
Денеска и утре во седиштето на НАТО во Брисел, министерката за одбрана Радмила Шекеринска ќе учествува на состаноците на Северноатлантскиот совет, заедно со министрите за одбрана на земјите – членки на Алијансата, соопштуваат од Министерството за одбрана.
-
Македонија 12.02.2020 14:05
Пендаровски го потпиша Указот за прогласување на Законот за ратификација на Северноатлантскиот договор
Претседателот Стево Пендаровски, денеска го потпиша Указот за прогласување на Законот за ратификација на Северноатлантскиот договор.
-
Свет 12.02.2020 13:48
„Ковид-19“ - поголема закана од тероризмот
Над 45.000 заразени, повеќе од 1.000 починати од коронавирусот што доби официјално име „Ковид-19“. Терминот е комбинација од англиските зборови за „корона“, „вирус“ и „болест“.
-
Македонија 12.02.2020 13:24
СДСМ: Законот за јавно обвинителство гарантира неселективна правда
Законот за јавното обвинителство кој веќе е во собраниска процедура гарантира независно и професионално јавно обвинителство и е темел на силна правна држава, гарантира неселективна правда- велат од СДСМ.
-
Македонија 12.02.2020 13:15
Предлог- законот за јавно обвинителство помина на Комисијата за европски прашања
Во Комисијата за европски прашања заврши расправата по Предлог- законот за јавно обвинителство. Оди на пленарна седница. За усвојување е потребно двотретинско мнозинство.
-
Македонија 12.02.2020 13:04
ВМРО-ДПМНЕ: Џафери да закаже седница за распуштање на Собранието
ВМРО-ДПМНЕ бара спикерот Џафери денеска да закаже седница за распуштање на Собранието. Пратеничката група поднесе предлог- одлука на 5-ти февруари. СДСМ и Заев поставуваат нови услови што не се поврзани со одржувањето на изборите- велат од партијата.
-
Македонија 12.02.2020 12:44
Шекеринска: Иднината на нашата татковина е обезбедена, заедно со нејзиниот суверенитет и интегритет
Една година по потпишувањето на Пристапниот протокол за членство во НАТО, 28 сојузници веќе го ратификуваа документот. По ратификацијата на протоколот и во Собранието, наскоро земјава ќе стане 30-та полноправна членка на НАТО, истакна министерката за одбрана Шекеринска.
-
Македонија 12.02.2020 12:28
Продолжи судењето за „Таргет-Тврдина“, рочиштето затворено за јавност поради сведочење на вработени од поранешна УБК
Во Кривичниот суд во Скопје, денеска продолжи судењето за предметот „Таргет-Тврдина“, но рочиштето ќе биде затворена за јавноста, од причина што ќе сведочат вработени од поранешно УБК.





